Спиењето на стомак влијае лошо на вашето здравје, еве што советуваат лекарите

 

Според лекарите, не треба да се спие на стомак, бидејќи тоа може лошо да влијае на човековото здравје. Д-р Шерил Литгоу од Јорк, Велика Британија, наместо тоа, препорачува спиење на страна, особено за оние кои ‘рчат или имаат апнеја при спиењето.

– Спиењето на стомак, имено, може да предизвика оштетување на ‘рбетот, зглобовите и нервите. Оваа положба може да предизвика и респираторни проблеми… Положбите во спиењето што вршат прекумерен притисок врз ‘рбетот, како што е лежењето на стомак или кога сте стуткано свиткан во тн. фетална положба, водат кон непријатност. Овие положби често доведуваат до неправилно порамнување на ‘рбетот и зголемен притисок врз вратот и долниот дел од грбот, што може да води до хронична болка и нарушени навики на спиење, појасни д-р Литгоу.

И физикалниот терапевт Џордан Дехара вели оти за ублажување на болките во зглобовите, се препорачува спиење на страна. Може и лабава фетална положба, но со перница меѓу нозете, или лежење на грб со перница под колената. Тоа, според лекарот, го намалува оптоварувањето на долниот ‘рбет и колковите.

Стручњаците ја нагласуваат важноста на изборот на вистинската перница за помирен сон и подобро здравје.

02.05.2025 - 23:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега