Со извици „Вие сте платеници“ новинарите избркани од Студентскиот пленум

 


Со извици „Вие сте платеници, не сакаме новинари“ избркани медиумите од најавениот Студентски пленум. Организаторите ни кажаа дека не сакале новинари да снимаат ниту инсерти, ниту изјави од нивниот Пленум.

На УКИМ има неколку стотина студенти кои за денеска во 13 часот најавија Пленум на кој најверојатно ќе се разгледуваат идни чекори на студентите поврзани со трагедијата во која загинаа 59 луѓе, а над 180 беа повредени.

Пленумот го организираат студенти пред вечерашниот собир кој е закажан за во 18:59 на Плоштадот Македонија.

24.03.2025 - 13:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега