Следната недела повторно имаме неработен ден

 

По изминатиов продолжен викенд по повод Велигден, веќе наскоро доаѓа уште еден неработен ден за сите граѓани. 

Први Мај - Ден на трудот ќе биде неработен за сите граѓани на Македонија. Овој датум се паѓа во четврток, така што некои ќе успеат да го спојат во викендот. 


 

Во претстојниот месец мај има уште еден неработен ден, а тоа е 24 Мај (сабота) кога се слави споменот на „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители.

За православните верници неработен ден ќе биде 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден. 

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен ден ќе биде 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, додека за припадниците на влашката заедница - 23 мај (петок), Национален ден на Власите. 

22.04.2025 - 15:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега