Скопјанка остана без 9.700 евра и без маж - преку социјална мрежа и ветил средба и брак
65-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена преку социјална мрежа. Во мај годинава, таа почнала онјан да комуницира со маж и се договориле да се земат.
Мажот ѝ побарал пари за да може да се сретнат во Охрид, па таа во три наврати му испратила 6.700 евра преку брз трансфер, а дури подигнала и кредит од 3.000 евра. Но, средбата никогаш не се случила, па жената сфатила дека е измамена.
Полицијата работи на случајот.
17.07.2025 - 14:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа