Скопјанец пронајден починат на улица

 


Вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Костурски Херои“ во Скопје пронајден е починат Ѓ.Х.(71) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, увид изврши увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на  јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, стои во денешниот полициски билтен. 

16.09.2025 - 14:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега