Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент
Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент.
Обвинителите соопштија дека во текот на операцијата биле извршени 21 претрес во Брисел, како и во Фландрија и Валонија, објави Ројтерс.
Иако имињата и позициите на лицата вклучени во случајот не беа откриени, обвинителите рекоа дека истрагата е фокусирана на корупција, фалсификување документи и употреба на лажни легитимации, за кои се верува дека се случувале редовно и „многу дискретно“ од 2021 година до денес.
Овие акции, наводно, се случиле „под изговор за комерцијално лобирање“ и вклучувале различни форми, како што се плаќања за преземање политички позиции или давање подароци, како што се оброци, патни трошоци или покани за фудбалски натпревари.
Обвинителството соопшти дека се запленети документи и предмети, а целта е да се истражи можна поврзаност со перење пари, според медиумот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа