Штокер: Гентерм инвестира овде затоа што веруваме во луѓето, во поддршката на Владата

 

Томас Штокер, потпретседател и генерален менаџер за Европа, Африка и средна Азија на Гентерм, денеска, најавувајќи ја инвестицијата од над 30 милиони евра на оваа компанија, истакна дека за нив ова е значајна инвестиција и оти тоа го прават затоа што веруваат во луѓето и во поддршката на Владата.

Се работи за значајна одлука за нас како компанија, но, исто така верувам дека е значајна и за земјата. Имаме погон во Прилеп, меѓутоа како компанија одлучивме да префрлиме значителна технологија, еден од најсложените проекти, од други погони од Европа, во погонот овде во Прилеп. Зошто го правиме тоа, веруваме во луѓето, во поддршката на Владата. Имавме значителна поддршка во минатото, и ова го очекуваме и во иднина, вели Штокер.

03.07.2025 - 15:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега