Шпанскиот амбасадор го пофали премиерот Мицкоски за неговата скромност на аеродром: Ги помина формалностите и соодветните контроли, како и секој друг патник
Амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Рафаел Сориано Ортис утрово фатил лет за Истанбул и во редот за туристичко пријавување го сретнал премиерот Христијан Мицкоски.
„Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски кој ги помина формалностите, вкличително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво“, напиша во објавата амбасдорот Ортис.
28.02.2025 - 11:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа