Септември ќе ја донесе вистинската есен - месечна временска прогноза

 

Септември ќе започне со високи летни температури, но ќе заврши со дождови и значително заладување, покажува месечната прогноза.

Во првата половина од месецот, времето ќе биде стабилно и претежно сончево, со максимални дневни температури меѓу 29 и 35 степени. Овој период ќе личи повеќе на продолжение на август, со малку облаци и топли ноќи.

Од средината на септември следува освежување. Температурите ќе паднат на 24–27 степени, а по 20 септември се очекуваат почести врнежи и дневни температури од 21 до 26 степени.

 

Кон крајот на месецот времето ќе стане типично есенско – со температури од 18 до 24 степени и чести дождови, особено во последните денови од септември.

01.09.2025 - 09:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега