Седум загинати и 90 повредени во руски ракетен напад на украински град Чернихив

 

Најмалку седум лица меѓу кои и едно шест годишно дете, загинаа, а 90 се повредени во руски ракетен напад на централниот плоштад во северниот украински град Чернихив, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи. Нападот се случил додека луѓето оделе во црква, соопшти Министерството.

„Руската ракета директно го погоди центарот на градот, во нашиот Чернихив. Таму се плоштадот, Политехничкиот универзитет, театарот. Обична сабота која Русите ја претворија во ден на болка и загуба“, објави на Телеграм украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во работна посета на Шведска.

Во краткото видео што ја придружува најавата на Зеленски може да се видат остатоци расфрлани низ плоштадот пред регионалниот драмски театар. Во видеото, исто така, може да се видат урнатините околу големата станбена зграда во советски стил, со автомобили паркирани наоколу и делумно уништени, со оштетени покриви и прозорци.

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави ново видео за кое тврди дека го прикажува моментот на ракетен напад врз центарот на Чернихив.

На жителите на Чернихив, во северна Украина, им било кажано да останат во засолништа откако градот бил под руски напад.

„Непријателот го гранатираше центарот на Чернихив. Веројатно балистичка ракета. Останете во засолништата. Деталите ќе бидат објавени подоцна“, рече регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус на Телеграм.

 

19.08.2023 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега