Се разведуваат Ана Ивановиќ и Швајнштајгер

 


Германските медиуми пишуваат за наводни проблеми во бракот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер. Бунте пишува дека германскиот фудбалер и српскиот тенисер наводно ставиле крај на деветгодишниот брак. Според магазинот, тие не живеат заедно веќе два месеци. Истата информација ја пренесе и германски Билд.

Бастијан поголемиот дел од времето го поминува во Минхен, додека Ана, пишуваат Германците, е во Белград со трите сина Лука (7), Леон (4) и Тео (1). Засега не се знае ништо за причините за наводниот брачен распад, а оваа информација не е официјално потврдена.

Нивната последна заедничка објава на социјалните медиуми беше во март годинава, но тоа беше спонзориран пост.

 

Бастијан и Ана првпат беа видени заедно во 2014 година. Парот се венча во 2016 година во Венеција, на луксузна церемонија со блиски пријатели и семејството меѓу гостите. Тие имаат три сина: Лука (роден 2018 година), Леон (роден 2020 година) и Тео (роден 2024 година).

16.04.2025 - 09:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега