„Се чувствувавме како на 8-ми кат“: Силен земјотрес ја погоди Турција

 


Силен земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11 часот и 43 минути во близина на Истанбул.

Епицентарот на земјотресот бил на 90 километри јужно од Истанбул.

Граѓаните известуваат дека земјотресот бил добро почувствуван.

„Навистина добро се тресеше“, „Ги почувствувавме потресите“, „Беше кратко, но силно“, „Седевме во дневната соба, се чувствувавме како на 8-ми кат“, се само дел од коментарите.

Се уште нема извештаи за материјална штета или повредени.

Надлежните органи ја следат состојбата.

27.01.2025 - 13:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега