СДСМ: Тошковски удри по професионалците во МВР - да постапи Комисијата за заштита од дискриминација
Панче Тошковски удри по професионалците во МВР. Власта на Мицкоски разрешува и отпушта луѓе од работа само затоа што во одреден период од своето долгогодишно искуство, по систем на кариера, биле на позиции во време кога не била ДПМНЕ на власт, обвини опозициската СДСМ.
-Од друга страна, за телохранителот на Мицкоски кој нападна полицаец, Тошковски го ослободи од одговорност и му ја прекина дисциплинската постапка. Тоа се двојните аршини на оваа власт која наместо професионализам спроведува брутална партизација на институциите но и на безбедносните служби за свои партиски цели. Но ова е и класичен пример за дискриминација кој освен во МВР се случува и во други институции. Ја повикуваме Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да постапи за овие случаи во МВР како и за сите останати случаи низ институциите. Професионалците мора да се заштитат, велат оттаму.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа