СДСМ: Откако МВР призна вина, началникот на Тошковски мора кривично да одговара

 

Откако МВР ја призна вината и се потврди она што го говореше СДСМ, дека началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиновски, постапувал незаконски, министерот Панче Тошковски не смее да се обидува да го заташка случајот, велат од СДСМ во партиско соопштение испратено денеска.

Според партијата, не е доволно само да се води постапка пред Внатрешна контрола, туку треба веднаш да се поднесе и кривична пријава.

-Не е доволно само да се води постапка пред внатрешна контрола. Тошковски е должен веднаш да поднесе кривична пријава и да обезбеди процесуирање на началникот пред лицето на правдата. Нема простор за изговори. Истото важи и за Основното јавно обвинителство, кое по службена должност мора да постапи и кривично да го гони началникот за прекршување на законите. Ако ОЈО тоа не го направи, ќе значи директна заштита на Мартиновски, а со тоа и на Панче Тошковски. СДСМ бара ОЈО да покаже дека законот важи за сите, особено за началниците на Тошковски, и да стави крај на злоупотребите на партиската полиција во служба на ДПМНЕ. Полицијата мора да биде заштитник на граѓаните, а не средство за политички прогон и заплашување, велат од СДСМ.

11.08.2025 - 10:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега