СДСМ: Нема пари за плати, нема лекови а власта запнала авион за функционери да купува

 

Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните, велат од СДСМ.
 
„Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за работниците и нема лекови- има само за луксузните патувања на владините функционери.
 
Баш му е гајле на Мицкоски за животниот стандард на народот, за тоа што нема лекови на Онкологија. 
 
Ветувањата за скромност пред изборите ДПМНЕ ги замени со аздисаност и луксуз за функционерите.  Мицкоски си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните.
 
Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања.
 
СДСМ е против и заедно со граѓаните ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ“, стои во соопштението на СДСМ.
23.01.2025 - 15:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега