СДСМ: Негативните вести за криминалните банди во Македонија станаа регионална тема
Криминалните пресметки во Скопје станаа регионална тема, за настанот со фрлената бомба во Керамидница информации објавуваат српските и хрватските медиуми, соопшти СДСМ.
„Негативните вести за криминалните банди во Македонија и за неспособноста на Тошковски далеку одекна и надалеку се слуша.
Загрижува нарушената безбедност на граѓаните откако Тошковски е на чело на МВР.
Како да сме Див Запад, крвавите пресметки на криминалните банди станаа секојдневие на улиците. Над 25 инциденти со огнено оружје се случија, криминалното подземје не се плаши од Тошковски туку смета токму на неговата неспособност.
Иако нападот со бомба во Керамидница бил најавен на Тик Ток уште на 30 септември МВР на Тошковски не презело ништо за да превенира и да го спречи и дозволи да се загрози безбедноста и сигурноста на граѓаните.
Тошковски што нема капацитет да ги заштити граѓаните, станува збор за најнеспособниот министер за внатрешни работи досега“, велат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа