СДСМ контра ДУИ: Нема да ги поддржи интерпелациите
СДСМ и во Собранието не му дава поддршка на ДУИ за денешните интерпелации, откако вчера лидерот на партијата, Венко Филипче се огради од нив, кажувајќи дека тие се симбол на корупцијата во државата.
Координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски на прес-конференција рече дека интерпелациите ќе доведат до нови поделби во општеството.
-СДСМ и Коалицијата нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите поднесени од ДУИ зашто сметаме дека нема потреба да имаме нови етнички поделби и по основ на интерпелациите. Македонското Собрание во ниту еден случај не смее да биде мегдан за поттикнување на било какви меѓуетнички тензии и основ за отворање можности за поделба меѓу граѓаните. Доколку намерите на подносителите биле вистини, причините за интерпелациите во ниту еден случај не смееле да бидат поврзани со етнички контекст туку да бидат единствено со аргументи и со факти за работи на одреден министер или функционер. А за жал, аргументи и факти има колку сакате за да најдете причина за било каква интерпелација, рече Спасовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа