СДСМ бара оставка од Клековски, Таравари и Стојковски: Луѓе умираат

 

СДСМ денеска преку соопштение велат дека десет дена нема лекови на Онкологија и проблемот се уште не е решен, луѓе умираат секој ден поради неспособноста на власта да обезбеди соодветна терапија.

Ви прилог соопштението на центарот за комуникации на СДСМ во целост:

Наместо да формира кризен штаб, да направи регистар и план за набавка на лекови власта ќе го решава проблемот со донации, што е несериозно и нема да обезбеди системско решавање на недостатокот на лекови.

За хуманитатната катастрофа на Онкологија и голготата низ која поминуваат пацинетите мора да има одговорност од оние кои не управуваат со Клиниката и со здравството а не презеле мерки да се обезбедат лекови на време.

Бараме директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, Директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за здравство, Таравари, веднаш да поднесат оставки.

28.01.2025 - 10:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега