Сара беше самохрана мајка - Таткото на нејзините деца почина пред 4 години

 

Сара Пројковска од ДНК е меѓу жртвите на огромната трагедија во Кочани која ја потресе не само Македонија, туку и регионот и светската јавност, кога во пожар во дискотеката Пулс загинаа 59 лица, а повеќе од 160 се повредени и се на лекување во болниците низ Македонија и регионот.

Придружниот вокал на ДНК пред помалку од четири години го изгуби сопругот, Александар Николовски, џез музичар и професор по труба, кој почина кон крајот на декември 2021 година, на 48-годишна возраст, по кратко боледување.

Сара беше самохрана мајка на две деца. Беше професорка по пијано на Факултетот за музичка уметност.

Телото на Сара за последен поздрав беше изложено во Црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, во четврток на 20.03.2025 година, од 12:00 до 14:00 часот. Погребот се изврши на гробиштата во Горно Лисиче.

 

Инаку, Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. 

По трагедијата, која е една од најтешките во поновата историја на Македонија, Владата прогласи седумдневна жалост.

 

 

24.03.2025 - 08:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега