„Само за ТЕБЕ Чаир" - Меџити го претстави официјалното мото за локалните избори

 


Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за општина Чаир, Изет Меџити, го претстави официјалното мото за локалните избори: „Само за ТЕБЕ Чаир".

Меџити истакна дека ова мото не е само изборен слоган, туку искрена посветеност која го претставува неговата визија и работа во иднина како градоначалник на општината Чаир

Тој, во состанокот со Форумот на жени на ВЛЕН, потсети дека Чаир секогаш има дадено многу за општествените, политичките, образовните и културните вредности на Албанците во Македонија и пошироко.

„Ќе гo дадеме целoтo наше битие, целото наше знаење, целото искуство и потенцијал во функција само за Чаир и неговите граѓани," – изјави Меџити.

Инаку, инспирацијата за мотото на кампањата доаѓа од песната „Само за тебе" на рок-бендот Telex кој потекнува од општина Чаир-Скопје.

28.08.2025 - 11:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега