Роналдо и Георгина се свршија, огромен дијамант блесна на нејзината рака

 

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на денешницата, и Георгина Родригез, неговата долгогодишна партнерка, објавија дека се свршиле.

Родригез објави фотографија на социјалните мрежи со голем прстен.

-Да, се согласувам. Во овој и во сите мои животи, гласеше описот кој Георгина го додаде на фотографијата.

Роналдо, фудбалерот со најмногу следбеници на Инстаграм во светот, не коментираше за свршувачката.

12.08.2025 - 13:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега