Романија активира два авиони Ф-16 по руските напади во близина на границата

 

Во источниот дел на Романија, во округот Тулча, е прогласена воздушна тревога поради масовен руски напад со беспилотни летала насочен кон цели на територијата на Украина. Информацијата ја потврди Министерството за одбрана на Романија, кое денеска излезе со официјално соопштение за случувањата.

Според романските власти, синоќа околу 23:15 часот, биле активирани два борбени авиони Ф-16, кои полетале од воздухопловната база Бока-86, со цел да ја надгледуваат и проценат безбедносната состојба во воздушниот простор.

„Во текот на ноќта, руските сили изведоа напади со беспилотни летала врз цивилни и пристанишни објекти на територијата на Украина. Поради можен ризик за воздушниот простор на Романија, активирани беа борбените сили на нашата армија“, стои во соопштението

02.07.2025 - 18:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега