Роки го прослави 74-от роденден со ботокс- Силвестер Сталоне не може да го мрда лицето (ФОТО)

 

Неодамна холивудскиот актер Силвестер Сталоне беше „уловен“ додека одеше на вечера со сопругата Џенифер во еден популарен холивудски ресторан, а овој пат беше невозможно да не се забележат трагите од прекумерна употребата на ботокс на лицето

Имено, Сталоне беше подолго време критикуван дека премногу ужива во естетските зафати и дека тоа го прави премногу очигледно затоа што практично не може да го мрда лицето од тоа колку е затегнато.

Актерот започна да прави корекции пред околу десет години и очигледно нема намера некогаш да престане со нив. Многумина истакнуваат дека е навистина штета што си го направил тоа на себе и дека порано било интересно да се гледа на филмското платно токму поради неговите специфични изрази на лицето.

Се чини дека тој ја наследил оваа опсесија со корекции од неговата мајка Џеки, која почина во ноември минатата година на 99-годишна возраст и која речиси со задоволство отиде под нож пред нејзината смрт. Џки отиде предалеку во таа насока - таа беше скоро изобличена од филери, а што ќе се случи со лицето на акциониот херој во следниот период останува да видиме.

Инаку, овој 74-годишник неодамна ја прослави 24-годишнината од бракот со сопругата Џенифер Флавин, со која има и три ќерки - Софија, Систин и Скарлет.

"Среќна 24-годишнина од нашата венчавка. Времето лета, но имам благословен живот благодарение на мојата сопруга и семејството", напиша холивудскиот шармер на Инстаграм.

Двојката има еден од најстабилните и најдобрите бракови на јавната сцена, иако нивните почетоци беа бурни. Имено, Џенифер, поранешна манекенка и Силвестер започнаа романса во раните 90-ти, а актерот ја остави во еден момент од врската поради супермоделот Џенис Дикинсон, која тврдеше дека носи негово дете.

03.06.2021 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега