Рејтингот на Трамп расте по средбата со Путин
Рејтингот на одобрување на американскиот претседател Доналд Трамп се зголеми по средбата со рускиот колега Владимир Путин, при што повеќе од половина од американските гласачи (54 проценти) го одобруваат неговото работење, според анкетата спроведена од американската агенција за истражување на јавното мислење „Инсајдер адвантиџ“.
Се забележува дека 44 проценти немаат позитивно мислење за Трамп, додека два проценти се неодлучни, според веб-страницата на агенцијата.
Се додава дека Трамп е во водство меѓу сите возрасни групи освен кај најстарите гласачи.
-Тој ги подобри своите бројки меѓу Афроамериканците и Латиноамериканците. Белите гласачи се на речиси рекордни 64 проценти. Гласачите под 65 години сега во голема мера го одобруваат неговото работење… Генерално, поддршката на Трамп расте по средбата со рускиот претседател, се вели во анкетата.
Анкетата е спроведена од 15 до 17 август.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа