Раст на бројот на студенти: Во 2024/2025 година запишани над 53.000 студенти
Во академската 2024/2025 година на додипломски (прв циклус) студии се запишале 53 535 студенти, што е зголемување за 2.3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Над половина од запишаните, 31 734 или 59.3 отсто, се студентки.
Најголем број студенти, 76.8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23.2 проценти на приватните високообразовни установи.
-Во прва година на студии, во академската 2024/2025 година, се запишале 14 644 студенти или 27.4 отсто од вкупниот број (тука се опфатени и студентите што се запишуваат во прва година по втор, трет и повеќепати), а 13 825 студенти во прва година се запишале првпат, наведува ДЗС во објавата.
Во академската 2024/2025 година најмногу студенти (13 371) се запишале во областа здравство и социјална заштита, потоа во областа бизнис, администрација и право (10 839) и на информатичко-комуникациски технологии (8875). Најмалку запишани студенти имало во областа земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина (740).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа