Путин најавува четиридневно примирје

 


Рускиот претседател Владимир Путин објави таканаречен хуманитарен прекин на огнот од 8 мај до полноќ на 11 мај по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, соопшти Кремљ.

„Во овој период сите воени дејства ќе бидат суспендирани. Русија верува дека украинската страна треба да го следи овој пример“, се вели во соопштението на Кремљ.

„Во случај на прекршување на прекинот на огнот од страна на украинската страна, вооружените сили на Руската Федерација ќе обезбедат соодветен и ефикасен одговор“, се додава во соопштението, пренесуваат светските агенции.

„Руската страна уште еднаш ја изјавува својата подготвеност за мировни преговори без предуслови, насочени кон елиминирање на основните причини за украинската криза и конструктивна интеракција со меѓународните партнери“.

Русија ќе го одбележи Денот на победата во Втората светска војна со голема парада.

28.04.2025 - 14:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега