Првото бебе во 2025 година е машко, се роди една минута по полноќ
Ноќеска во 00.01 часот на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди првото бебе во Македонија.
– Се роди здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри, информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Мајката на новороденчето е Сања Талевски.
01.01.2025 - 09:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа