Проверете дали ќе имате струја: ЕВН најави исклучувања за денеска

 

Корисниците од ул. „Црноризец Храбар“ во општина Аеродром денеска од   8 до 13 часот ќе останат без електрична енергија, соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД.

Од 8.30 до 13 часот струја ќе немаат дел од корисниците од с.Сарај – пат за Љубин (кај џамијата) во општина Сарај, а од 9 до 11.30 часот и поголем дел од корисниците од објектите со парен број на ул. „Иван Цанкар“ во населба Влае во општина Карпош.

Од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од ул. „Елисе Поповски Марко“, „Киро Гавриловски“ и „Антон Панов“ во општина Центар, од 9 до 14.30 часот - дел од корисниците од ул. „Франце Прешерн“ со броеви од 20 до 40 во општина Карпош и од 11 до 15.30 часот - дел од корисниците на ул.  „Поп Богомил“ и „Трнодол“ во општина Карпош.

28.04.2025 - 08:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега