Продолжува судењето за родилката од Дебар која остана без органи
Со презентација на извештај од супер вештачењето во Основниот суд во Струга, продолжува судењето против тројцата лекари од струшката Болница, за отстранувањето на три органи, матка, јајник и бубрег на родилката од Дебар, Јилдз Веапоска.
Ова е прво рочиште по април минатата година, за кое на обвинителна клупа седнуваат гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.
Според вештачењето на тројцата вештаци од Институтот за судска медицина влошувањето на состојбата на Веапоска дошло поради погрешни постапки од здравствените работници, додека вештачењето на техничкиот советник професор доктор Драге Дабески покажува дека обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку со дејствувањето и бил спасен животот.
Судскиот процес со родилката од Дебар, Јилдз Веапоска, на која по породувањето со царски рез, во Болницата во Струга ѝ беа отстранети матка, јајник и бубрег, почна во 2022 година и три пати почнуваше од почеток.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа