Продавница на Шанел и ја затвори вратата на Џеј Ло – „Извини, полни сме“

 

Џенифер Лопез се обиде да посети продавница на Шанел во Истанбул, но обезбедувањето не ја пушти да влезе бидејќи продавницата беше полна, објавува „Турки тудеј“.

Вработените во продавницата подоцна ја поканија повторно, но таа одлучи да посети и други продавници за луксузна мода, па застана во бутиците „Селин“ и „Бејмен“.

Нејзината посета на најголемиот град во Турција се совпадна со настапот на 5 август во фестивалскиот парк „Јеникапи“, како дел од фестивалот во Истанбул.

Турнејата „Up All Night: Live in 2025“ завршува, а последниот концерт ќе се одржи на 12 август во Сардинија, Италија.

08.08.2025 - 22:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега