Приведен службеник од Крушево - продавал украдени дрва
Вчера во 13.35 часот пред угостителски објект во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Т.О.(46) од Крушево.
Имено, тој се сомничи дека како вработен во шумско претпријатие во Крушево извршил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик - „злоупотреба на службена положба и овластување” на тој начин што како службено лице одзел нелегално исечени огревни дрва со приколки и ги продал на лице.
По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
16.07.2025 - 12:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа