Пристапот до Интернет во Иран се враќа во „претходна состојба“

 

Иранскиот министер за комуникации, Сатар Хашеми, изјави дека интернетот во Иран, по договореното примирје, се вратил во својата „претходна состојба“, што значи пред неодамнешните владини прекини.

Во објава на X, Хашеми напиша дека Иран „нема повторно да ја доживее истата ситуација“, јави Би-Би-Си.

Иранската влада на 17 јуни соопшти дека властите го забавиле интернетот со цел да се „справат со кибер-напади“, иако беа пријавени речиси целосни прекини на интернет конекцијата.

Сепак, забраната за големите социјални медиумски платформи, како што е X, сè уште е во сила во Иран, а граѓаните во земјата користат VPN мрежи и други методи за да ја заобиколат. Многу ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер, исто така имаат активни профили на X, иако платформата е забранета во самата земја.

25.06.2025 - 17:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега