Претседателката на Словачка одбра елегантна сина комбинација за посетата во Македонија

Зузана Чапутова, претседателката на Словачка е во официјална посета на нашата држава. Таа беше пречекана од претседателот на нашата земја, Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести.
Во Вила Водно, претседателката Чапутова пристигна во елегантен стајлинг, кој вклучуваше фустан во кралска сина боја и бежови салонки.


Претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.
Во фокусот на разговорите се билатералните односи, словачките искуства од процесот во пристапување во ЕУ, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и Европа.

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









