„Преку земјотрес и пандемија, ние сме дома“: Јелена среќна со бебето стигна дома (ФОТО)

Со сини балони на кои пишува „Добре дојде Јаков“, бебето на актерката Јелена Јованова-Периќ стигна дома. Таа објави фотографија на Инстаграм, велејќи дека сега е среќна и посилна од сè .
„Низ секојдневните предизвици, добри и лоши, преку земјотрес и пандемијата со коронавирусот – ние сме дома, а јас дури и посилна, по сè ова. Ви благодарам на сите за убавите желби, мисли и поддршка“, вели Јелена Јованова -Периќ.
Јелена пред неколку дена се породи во болницата во Загреб по природен пат. На свет донесе машко бебе и му дадоа име Јаков.
16.06.2020 - 11:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









