Пратениците со полни раце работа: Ќе заседаваат комисиите за економија, труд и безбедност

 


Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за економски прашања, труд и социјална политика, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се три Предлог-закони во второ читање и тоа измените на Законот за волонтерство, измените на Законот за младински додаток и Предлог-законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт. 

Овие предлог законски решенија се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија. 

Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе имаат средба со студенти од Факултетот за детективи и безбедност при Американскиот универзитет на Европа ФОН - Скопје. 

19.06.2025 - 09:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега