Посебен режим на сообраќај во Скопје по повод Илинден
Во Скопје денеска од 9 часот ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување настан за одбележување на празникот 2 Август.
- Поради одржување настан за одбележување на празникот 2 Август, денеска со почеток во 9 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на РСМ и тоа од бул. „Кочо Рацин“ до ул.„11-ти Октомври“ (кај зградата на Црвен Крст) и крстосницата од „Филип Втори Македонски“ до ул.„Кеј 13-ти Ноември“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа