Поранешната сопруга на Безос донираше 2,7 милијарди долари во хуманитарни организации
Милијардерката Мекензи Скот и поранешна сопруга на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, донираше 2,7 милијарди долари во хуманитарни организации.
Мекензи на својот блог напиша дека сака да им даде пари на оние кои „биле потценувани и запоставени низ историјата“, пренесува „Би-Би-Си“.
Таа додаде дека избрала 286 организации кои се занимаваат со расна нееднаквост, уметност и образование. Скот исто така изјавила дека сака да го расподели своето богатство и дека со помош на тим истражувачи и нејзиниот нов сопруг, професорот Ден Џуит одбрала кому ќе донира пари.
„Бевме водени од скромното верување дека ќе биде подобро ако диспропорционалното богатство не се концентрира во мал број раце“, напиша таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа