Попов: Владеењето на СДС ги доведе младите во тотална апатија и отпор спрема државата

 

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, Унија на млади сили“ гостуваше пратеникот и претседателот на Унија на млади сили, Сергеј Попов, кој дискутираше за младите, демократијата и нивниот глас.

На самиот почеток Попов дискутираше за владеењето на СДС кое ги довело младите до тотална апатија и отпор спрема државата, и дека работите сега континуирано се подобруваат, младите се вклучуваат и комуницираат со државата и институциите.

„За разлика од пред една година кога младите беа навистина во една тотална и сеопшта апатија, кога што и да се случеше во нашата држава, било најлошо било можеби и нешто позитивно тоа едноставно им поминуваше на младите под радар, бидејќи самите тие имаа отпор да восприемаат било што, што доаѓаше од страна на државата, сега би рекол дека имаме подобрување, младите повеќе се вклучуваат, младите разговараат со државата, со институциите“, рече Попов.

Попов истакна дека младите согледуваат како состојбите се подобруваат, и дека тие се сведоци како патиштата се градат како никогаш досега, дека се реновираат студентските домови, како и на инвестирањето во локалните самоуправи и посветеноста на функционерите кон решавање на проблемите на младите луѓе.

„Младите видоа сеопшта борба од страна на државата, да им ги подобри состојбите во сите сфери од нивното општествено живеење, и младите во овој момент се сведоци дека во една година владеење патишта се градат како што не се граделе до сега, студентски домови се реновираат како никогаш во изминатите триесет години за жал, и ќе одлучат државата да ја водат оние коишто им ги реновираат домовите, коишто ги градат сите автопати, коишто им инвестираат во локалните самоуправи преку државна помош, младите гледаат дека функционерите се посветени секојдневно во решавање на сите проблеми“, објасни Попов.

На крај Попов додаде дека победата над апатијата се должи на нормализацијата на државата и нејзиното достоинствено претставување од страна на премиерот.

„Најмногу победата над апатијата се должи во нормализацијата на нас како држава, еден млад човек може да стане и да каже дека живее во многу понормална држава од таа во којашто живееше пред тоа. Ние сега имаме премиер којшто достоинствено рамо до рамо со сите ни ја претставува државата и вистината за Македонија, разликата е јасна“, дециден е Попов.

06.06.2025 - 12:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега