Полскиот претседател доби гаранција од САД дека нема да го намали военото присуство
Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека добил „гаранции“ од САД дека не размислуваат за намалување на присуството на нивните сили во регионот, по состанокот со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
– Добивме уверување дека нема апсолутно никаква американска намера да се намали активноста овде во нашиот дел од Европа, особено во безбедносната сфера, да се намали бројот на американските сили, изјави Дуда, кој важи за поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Бета.
– Уште еднаш, нема страв дека САД ќе го намалат своето присуство во нашата земја, додаде Дуда, кој побара од своите сонародници „да останат мирни“ во однос на американската политика во регионот.
Полска, сојузник и сосед на Украина, беше последната станица на патувањето на Келог во Киев, каде што треба да пристигне утре.
Неговата посета на Варшава дојде откако високи американски претставници се сретнаа со руските преговарачи во Саудиска Арабија за првпат откако Трамп ги изненади сојузниците на Вашингтон со тоа што се согласи да почне разговори со неговиот руски колега Владимир Путин
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа