Полицијата пронајде дрога при претрес во Велес, уапсено едно лице

 

Вчера во 13:30 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ј.(31) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена зелена растителна материја.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
05.09.2025 - 16:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега