Полицијата го сопрела и експресно го привела - кумановец кривично ќе се гони
Утрово во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „опел“, кое го управувал Ф.А., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.57 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
15.07.2025 - 11:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа