Полицајците парче правеле викендов: Казни за скоро 1.400 лица

 

Во деновите од изминатиот викенд (17./18.05.) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1363 издадени платни налози дури 183 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола.

Истовремено 67 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 101 возач на мотоцикл е санкциониран за неносење на заштитна кацига.

Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата  389 прекршоци во текот на викендот се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената, 198 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани 79 возачи за некористење сигурносен појас. Изречени се 30 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за минување на црвено светло.

Исто така согласно Законот за возила, 52 возила биле отстранети поради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила за техничка неисправност.  

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

19.05.2025 - 11:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега