Побрзајте, рокот истекува: Аплицирајте за 1000 денари месечна помош за струја
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи - мерка со која се обезбедуваат 1.000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја.
Поддршката се доделува за период од 12 месеци, сметајќи од денот на поднесување на барањето, а рокот за аплицирање е до 19 април. Граѓаните кои ги исполнуваат критериумите се охрабруваат да аплицираат навреме и да не ја пропуштат оваа можност да си ги намалат трошоците за електрична енергија во текот на цела година, известува Министерството за енергетика.
Право на поддршка имаат:
· Домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток, со вкупен нето доход во 2024 година под утврдените граници (од 42.000 до 80.000 денари, според бројот на членови).
· Згрижувачи на лица, корисници на надоместок за згрижување, чиј доход не го надминува предвидениот праг (според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари).
Барањето се поднесува со пополнет образец (Образец 1 или 2), достапен во архивата на Министерството и на веб-страницата: www.ea.gov.mk, придружено со следната документација:
· Изјава заверена на нотар за точност на доставените документи;
· Копија од Решение за посебен додаток или надоместок за згрижување;
· Копија од последна сметка за потрошена електрична енергија;
· Копија од лична карта на подносителот;
· Доказ за членовите на домаќинството.
За дополнителни прашања и информации, граѓаните може да се обратат на: ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk и на веб-страницата: www.ea.gov.mk
Министерството ги повикува сите што ги исполнуваат условите – „искористете ја можноста додека рокот не истече“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа