„Плусинфо“: Толпа од Оризари насилно влегла во просториите на ЕВН
Револтирана група на жители на селото Оризари, бидејќи од вчера немаат струја, утрово насилно влегла во просториите на ЕВН во Куманово, пренесува порталот „Плусинфо“ повикувајќи се на извори од Електродистрибуција.
Според информациите кои пристигнаа до нас во моментов жителите на Оризари бараат од Електродистрибуција веднаш да биде отстранет проблемот и тие да добијат електрична енергија, без разлика што дефектот поради кој ова село остана без струја е несовесното однесување на слупчанци, поради кое повеќе села од овој регион вчера беа напојување. Екипите на Електродистрибуција се спречени од жителите на Слупчане да влезат во селото и да го отстранат дефектот, пренесува порталот.
Ова следи откако селата Оризари и Слупчане останаа без напојување по дефектот предизвикан од мештаните по упад во мрежата.
Од ЕВН изминатите денови информираа дека сѐ додека не се создадат нормални услови за работа и не се загарантира сигурноста на вработените на „Електродистрибуција“, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.
„Дефектот во снабдувањето на електричната енергија во селото Слупчане е резултат на контуинирано нелегално користење на електричната енергија. За жал, некои од липковските села се исто така опфатени со ова и се соочуваат со прекин во снабдувањето. Екипите на ‘Електродистрибуцијата’ при извршување на редовните работни активности или санација на дефект во ова село често се соочуваат со вербални и физички напади. Тоа се случуваше токму денес“, информираа од „Електродистрибуција“.
Министерот за економија Крешник Бектеши по блокадите во Слупчане со повик: Граѓаните треба да плаќаат струја колку што потрошиле.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа