Петрушевски: Клиниката за очни болести оштетена за 3.9 милиони од раководството од СДС и ДУИ

 


ДЗР констатирал нерегуларности во финансиското работење и на Клиниката за очни болести во време на СДС и ДУИ, изјави на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ревизијата на ДЗР на Клиниката за 2022 година, по основ на неуплатена партиципација за лекување буџетот на истата е оштетен за 3.9 милиони денари, рече Петрушевски.

„3.9 милиони денари се пари кои требале да легнат на сметката на Клиниката за очни болести по основ на партиципација за лекување.

По детален увид во документацијата на Клиниката од ДЗР се констатирало дека за 2.4 милиони денари со задоцнување се доставени потврди за ослободување од партиципација, но за истите не е доставена поткрепувачка документација“, истакна Петрушевски.

Петрушевски посочи дека раководството на СДС и ДУИ на Клиниката за очни болести работело надвор од законските процедури, оштетувајќи ја Клиниката.

„Ако знаеме дека за период од една година, за која  е правена Ревизијата буџетот на Клиниката е оштетен за 3.9 милиони денари, тогаш што е направено за 7 години колку што СДС и ДУИ раководеле со истата?

Го повикуваме ЈО да го земе Извештајот од Ревизијата на ДЗР за Клиниката за очни болести и да отвори постапки. Одговорност мора да има“, потенцираше Петрушевски.

09.11.2024 - 12:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега