Петрушевски: Да имаше Коцевски грам морал, немаше да чека СДС да го брани и ќе си поднесеше сам оставка

 


Главниот обвинител Коцевски да си даде оставка, секој поминат ден на позиција му измеќарува на СДС. Одамна главниот обвинител Коцевски нема кредибилитет во очите на народот, а сега кога СДС јавно застана да го брани во Собрание, му го уништи и тој кредибилитет што некогаш го имал. СДС го разголи главниот обвинител Коцевски. Совршено е јасно чии насоки до сега извршувал, и зошто постапките против функционери на СДС се таму каде што се, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Главниот обвинител Коцевски очигледно е целосно препуштен во прегратките на СДС, и таквиот однос, не само што не му пречеше, туку и го зема како последна сламка за спас, истакна Петрушевски.

„Да имаше главниот обвинител Коцевски грам морал, тој немаше да чека СДС да го брани и ќе си поднесеше сам оставка.

Игнорирањето на мизерните 2% доверба од народот и интерпелацијата во Собрание, е јасен показател дека главниот обвинител Коцевски има друг приоритети, а тоа е да служи како гума за спасување на дел од функционерите од СДС блиски до Филипче и Заев од кривична одговорност за криминалите кои ги правеле.

Доблест не може да се очекува од Коцевски, само чисто калкулантство и политичко профитерство“, посочи Петрушевски.

 

06.08.2025 - 13:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега