Пензиониран беровчанец се заканувал на полицајци, пробал да ги натепа со тврд предмет - безуспешно
На 21.08.2025 во 19:10 часот во с.Владимирово, беровско, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Д.П.(67) од Берово затоа што агресивно се однесувал, упатувал закани и се обидел со тврд предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
22.08.2025 - 17:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа