Пецаков: Една година големи инфраструктурни проекти за Охрид
Една година од поставување на темелите кога ја градиме Македонија. Една година од инфраструктурни проекти за Охридско-Струшкиот регион. Инфраструктурата поврзана со автопатското решение Охрид-Кичево и начинот на експресно на којшто се гради веќе го гледаме уште во првата година и пуштените дваесеттина километри. Пуштен е во употреба реконструираниот пат од Охрид до Св.Наум, реконструирано е најпосетуваниот Музеј на вода, на охридската ривиера, а тоа е Музејот на коските, којшто има најголем број на туристи, изјави Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид.
Тој додаде: Секако дека е тука за нас битно и договорот со туристичкиот оператор за носење на 40 илјади германски туристи, во периодот кога не е сезона, односно во периодот од февруари до јуни. Тоа е она коешто е поврзано со инфраструктурата и туризмот, секако дека од аспект на животната средина битно е дека сме при крај со враќањето на реката Сатеска и враќањето во старото корито за вливање во реката Црн Дрим.
Од инфраструктурните проекти секако дека е прочистителната станица во Трпејца, многу други работи направени и во индустријата и во земјоделието. Пензионерите ги добија петте илјади денари и останати работи коишто покажуваат дека навистина се грижиме за иднината на граѓаните на Македонија, изјави Пацаков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа