Пандовски од Транспаренси: Падот на индексот се должи на лошата работа на Судскиот совет
Новиот индекс на Транспаренси Интернејшнл е уште еден доказ дека е потребен сериозен ремонт во судството и обвинителството, оправдувајќи ја конкретно и владината иницијатива за разрешување на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Корумпираниот правосуден систем е директна причина што Македонија „падна“ за 12 позиции или 2 индексни поени во минатата година. Падот е причинет најмногу заради Судскиот совет, Академијата за судии и многуте афери со корумпирани судии. Ова го потврди директно и претседателот на Транспаренси интернешнл Благоја Пандовски.
– Овие негативни резултати се последица на големиот број скандали кои се случија минатата година, а особено во областа на судството, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители. Индициите за политичко влијание на судството, лошата контрола на Судскиот совет кој ја врши врз судиите и 40-те препораки на Оценската мисија на ЕУ, кршењето на законот со изборот на кандидати за Академијата за судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од скандалите што го тресеа судството. Минатата година имавме и докажан случај на корупција на еден врховен судија, разрешување на кривичен судија од кавадаречкиот суд кој се слушнал 97 пати со обвинет на кого му судел и уште неколку случаи кои што се само загребување на површината на судството во кое граѓаните очигледно немаат доверба, изјави Пандовски.
Во меѓувреме, опозициските медиуми весат за падот на Македонија ја насочија кон новата Влада, заборавајќи и замижувајќи на јасно предочените факти од директорот на Транспаренси Интернешнл Македонија за вината лоцирана во судството, ширејќи лажни вести и тнародски кажано „терајќи ја водата на својата воденица“. Воденица која по укинувањето на УСАИД, ќе има сериозен проблем со финансирањето…
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа