Падна дрво во парк во Куманово
Поради силниот ветер, падна дрво во Соколанскиот парк во Куманово, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“.Оштетена е клупа во паркот.
- За среќа, нема повредени, но настаната е материјална штета и постои потенцијална опасност од дополнителни паднати гранки и дрвја. Ги замолуваме граѓаните да избегнуваат движење низ парковите и зелените површини додека трае ова нестабилно време со засилен ветер, изјави директорот на ЈП, Ненад Стојановски.
Надлежните служби на теренот го расчистуваат просторот.
09.07.2025 - 15:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа